Млад фудбалер на Македонија Ѓорче Петров доби повик во репрезентација на Нов Зеланд

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Mладиот талент на Македонија Ѓорче Петров, Константино Горгиовски доби повик за настап во репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години.

Горгиовски се најде на списокот на селекторот за претсојното ОФЦ првенство за оваа генерација на фудбалери.

„Константино Горгиовски доби повик од селекторот на репрезентацијата на Нов Зеланд У-17 за престојното првенството на ОФЦ У-17, кое ќе се игра на Фиџи од 11 до 28 јануари 2023 година“, потврдија од таборот на „лавовите“.

Нов Зеланд е во групата Б на турнирот заедно со Нова Каледонија и Американска Самоа. Тимот ќе го одигра првиот натпревар против Нова Каледонија во среда на 11 јануари на Академијата на ФА Фиџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот