никола митревски
Никола Митревски, голманот на португалскиот ракометен клуб Порто/ фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Митревски и Порто од вториот шешир ги чекаат ривалите во ЛШ

Поради исклучувањето на Вардар 1961, Македонија остана без учесник во новата сезона во најквалитетното ЕХФ клупско натпреварување.

Нашата земја во ЛШ во сезоната 2022/2023 ќе ја претставуваат Никола Митревски кој ги брани боите на Порто, а во женска конкуренција Андреа Седлоска која игра за хрватската екипа на Локомотива Загреб.

Португалскиот Порто на Митревски пред жрепката која ќе се одржи в петок (1 јули) со почеток од 11.00 часот се наоѓа во вториот шешир со ГОГ, Келце и Целје.

Во првиот шешир се актуелниот европски првак Барселона, Магдебург, ПСЖ и Пик Сегед, во третиот се Динамо Букурешт, Кил, Нант и Веспрем, додека во четвртиот Елверум, ППД Загреб, Алборг и Висла Плоцк.

Хрватската Локомотива Загреб на Седлоска ги чека противниците од четвртиот шешир во кој се наоѓаат уште Баник Мост, Кастамону Беледије и ЧСМ Букурешт.

Во првиот шешир се Вајперс Кристиансанд, Ѓер, Мец и Оденсе, во вториот Рапид Букурешт, Будуќност, Крим и Битигхајм, а во третиот Сторхамар Хандбал Елит, ФТЦ, Брест и Есбјерг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот