Митрески: Ќе ги надминеме блокадите на Мицкоски

За СДСМ, најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за блокада на Собранието не е ништо ново, бидејќи опозициската партија тоа го прави во континуитет. Од СДСМ велат дека ќе ги надминат блокадите на парламентот, но не прецизираат како.

-Тоа не е ништо ново или нешто што опозицијата не го прави во континуитет. СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси во време кога се води секојдневна борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните. СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и деструктивната и криминална ВМРО-ДПМНЕ – вели Јован Митрески шеф на пратеничката група на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот