Мистериозно почина директор на рускиот нафтен гигант Лукоил, ова е трета неразјаснета смрт во Одборот на директори за година ипол

лукоил русија
Лукоил / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Уште еден извршен директор на руската анфтена компанија „Лукоил“  мистериозно почина. Ова е трет тајкун во „Лукоил“ кој за година ипол починал под мистериозни околности, пишува Dailly mail. 

Владимир Некрасов (66) претседател на одборот на директори на Лукоил, изненадно почина, а руските државни медиуми објавија прелиминарен заклучок од лекарите дека претрпел акутна срцева слабост.

Претходно, во септември минатата година, почина Равил Маганов (67) во Централната клиничка болница, позната и како Кремљска клиника. Официјално, Маганов беше во болница за долгорочен проблем со срцето и падна од прозорец на шестиот кат и почина на лице место. Тој исто така беше дел од одборот на директори на Лукоил.

Милијардерот Александар Суботин (43) исто така беше главен менаџер во енергетскиот гигант Лукоил,. Тој беше пронајден мртов во мај годинава. Една од теориите е дека е отруен откако за вечерал отровна жаба.

Инаку, една недела по судирит во Украина, одборот на претпријатието меѓу кои Некрашов и Маганов издале соопштение за инвазијата на Путин, изразувајќи ја својата загриженост за тековните трагични настани во Украина и најдлабокото сочувство за сите погодени од оваа трагедија.

Некрашов, кој беше украсен од поранешниот руски претседател ДмитриЈ Медведев, ја презеде функцијата претседател од

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот