Мистериозна смрт на млада фудбалерка во Ново Мексико

Фото: Screenshot

Taжна вест утрово ни пристигнува од сојузната држава Ново Мексико. Младата фудбалерка, Талија Чаверија (20) била пронајдена мртва во својот стан, потврдила локалната полицијата.

Цимерката на Чаверија повикала полиција откако не добивала одговор на повиците уште од понеделеникот околу седум часот наутро. Телото на младата фудбалерка било пронајдено во четвртокот.

Полицијата истакна дека засега не се сомнева на убиство или самоубиство.

„Не постои ништо што укажува на самоубиство или убиство“, објави портпаролот на полицијата Дани Трулио.

Чаверија беше родена 2003 година, а настапуваше за јуниорскиот тим на Њу Мексико Стејт. Во минатата сезона одигра 20 од 21 натпревар и на теренот помиона 1.787 минути, а нејзиниот тим стигна до првата конференциска титула во историјата.

„Изненаден сум, оваа вест го погоди целиот тим. Талија беше инспирација и важен дел од нашиот тим. Ќе ни недостасува, нема да ја заборавиме. Нејзиниот дух ќе биде со нас секој ден, на теренот и надвор од него. Секогаш ќе ја сакаме“, изјави тренерот Роб Бартс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот