Мисоски единствен кандидат за наследник на Тито Петковски, Трајковски не се откажува

Кристијан Трајковски и Горан Мисовски, Фото: СП/Архива

Откако НСДП вчера извести Централниот одбор на партијата го утврдил Горан Мисовски како единствен кандидат за претседател на оваа партија, на конгресот закажан за 4 јуни, реагираше организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски чија кандидатура за наследник на Тито Петковски не беше прифатена.

-Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет, вели Трајковски за „360 степени“.

Трајковски смета дека одлуката на Централниот одбор на партијата да прифати само еден кандидат за претседател е недемократска и донесена под закана и притисоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот