Мисајловски: Пендаровски не понуди визија, тој не излезе од сенката на Заев

Владо Мисајловски / Фото: архива

Обраќањето на претседателот Стево Пендаровски беше предвидливо, невпечатливо и без изненадувања, оцени пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски по годишното обраќање на шефот на државата во Собранието.

-Тој не успеа суштински да се отргне од сенката на Заев и од политичкото блато во кое ја донесоа државата. Пендаровски не е никаква кочница на власта која е закопана во криминал, корупција и безидејност – рече Мисајловски.

Според него, несогалсувањата меѓу Заев и Пендаровски се театар.

-Пендаровски не направи ниту еден потег со кој ќе одигра за интересите на Македонија, тој игра само на страната на Заев. Пендаровски не направи ниту еден чекор со кој ќе покаже дека е претседател на сите граѓани. Пендаровски е спореден актер во театарот на заевизмот. Пендаровски можеше, но но не покажа дека демонстрира одговорност и владеење на правото. Неговата лажна заложба заврши во моментот кога тој одлучи да молчи за афери како „Рекет“, „Издавање на пасоши на белосветски мафијаши“, за сомнителноти иззземање на одговорноста за тетовската болница, несреќата во Бугарија… На државата и треба претседател, а не статист во театар и коментатор. Тој не понуди визија ниту решение – рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот