Мировниот план што го предлагаат африканските лидери е „тешко остварлив“, вели Москва

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ги споделува клучните ставови изнесени во мировниот план за војната во Украина што го предлагаат група африкански лидери, но во исто време, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, изјави дека планот е „тешко остварлив“.

Песков рече дека Русија ќе го продолжи дијалогот со африканските земји чиишто претставници денеса ги изнесоа своите предлози пред Путин во Санкт Петербург. Тие во петокот ги изложија предлозите и пред украинсите власти во Киев.

„Путин покажа интерес за планот“, рече Песков.

Лавров, од своја страна, вели дека африканските челници не донеле никаква порака за Путин од Зеленски, со кого се сретнаа ден претходно.

Африканските земји планираат да ги продолжат своите обиди за пронаоѓање решение на судирот меѓу Русија и Украина, а прекинот на огнот би отворил пат за „сериозни преговори“, изјави во саботата египетскиот премиер Мустафа Мадбули.

„Ќе ги продолжиме своите залагања да ја постигнеме крајната цел на нашите искрени желби: да воспоставиме мир меѓиу двете завојувани страни“, ги цитираше агенцијата ТАСС зборовите на Мадвули упатени до рускиот претседател Путин на состанокот во Санкт Петербург.

Мадбули беше дел од делегацијата на африканските челници кои се сретнаа со Путин за да му ги претстават предлозите за деескалација на судирот и доведување на двете страни на преговарачката маса. Во делегацијата беа и челниците и високи функционери на Јужноафриканската Република, Сенегал, Зембија, Уганда, Република Конго и островската земја Комора.

По Киев, африканските лидери во „мировна мисија“ пристигнаа и во Москва, ќе ги прими Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот