МИРЕН МОЌЕН БАНКАР ЈА УБИЛ ЖЕНАТА: Дури 30 пати ја удрил по главата со метална прачка

фото: Profimedia, Alamy, Dinendra Haria / Alamy

Англискиот банкар Дејвид Помфет (51) вработен во моќната групација „Barclays“ ја убил својата сопруга Ен Мари (49) со железна прачка во ноември минатата година, а на судењето кое започна вчера се објавени нови детали за тој немил настан.

Убиството се случило во штала за коњи на нивниот имот во околината на Ливерпул, каде што овој високопозициониран службеник од познатата банка до смрт ја претепал сопругата удирајќи ја по главата дури 30 пати. „Daily Mail“ пишува дека злосторството е предизвикано, откако Помфет „пукнал“ по повеќегодишните навреди на кои бил изложен во бракот.

51-годишниот банкар признал дека ја убил својата сопруга, но го отфрла обвинението за злосторството за кое тврди дека „изгубил контрола“.

– Тука имаме случај во кој еден мирен, семеен човек „пукнал“, а во тој момент во раката имал метален алат. Тоа била метална прачка со која повеќе пати ја удрил по главата – изјавил на почетокот од судењето неговиот адвокат Ричард Прат.

Во излагањето пред поротата во која седеле седум жени и петмина мажи, Прат тврдел дека Помфет со години се воздржувал, иако бил мета на вербални, а понекогаш и на насилни напади во бракот.

Тој најавил дека во судот ќе сведочи и нивната 18-годишна ќерка Меган. Таа вели дека нејзиниот татко како „карпа“ слушал како мајка и го нарекувала „куп од сало“.

Понатаму, адвокатот тврди дека обвинетиот бил „мирна личност со беспрекорен карактер која се воздржувала од реакција, иако сопругата го нарекувала бескорисен“. Неговата жена, од друга страна, понекогаш била „многу насилна“ личност со нарушување на спектарот на аутизам, со кој неодамна се здобила по карциномот кој го имала.

Семејството живеело во Варингтон, град помеѓу Ливерпул и Манчестер, но поседувала и името со штали за коњи во областа „Олд Алдер Лејн“. На втори ноември 2018. година, Помфет повикал полиција и пријавил дека неговата жена лежи во локва крв во шталата.

– Секаде имало траги од нејзината крв и мозокот. Се чини дека некој и ја скршил главата – рекол тогаш. Тој бил уапсен по еден ден откако била пронајдена неговата жена, а во тој момент тврдел дека не е виновен.

Од Патологија било потврдено дека смртта на госпоѓата Помфет настапила од насилен напад во кој претрпела тешки повреди на главата. Било потврдено дека жената во главата била удрена дури 30 пати со метална прачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот