Министерот Спасовски ќе се среќава со граѓани од Велес, еве како да се пријавите

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовскси на 20 октомври ќе се среќава со граѓаните кои живеат на подрачјето на СВР Велес. Во рамките на пристапот на МВР – Отворен кабинет, се повикуваат граѓаните кои живеат на подрачјето на СВР Велес, а притоа имаат прашање за министерот, идеја со која сметаат дека ќе се подобри безбедноста, предлог кој би помогнал за подобрување на работењето на полицијата, да се пријават за средба со министерот.

Ви најавуваме дека Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 20 октомври, во просториите на СВР Велес. Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје од утре (16.10.2023), во текот на целата недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи да го презентирате вашето размислување, идеја или предлог, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.
Заеднички уште еднаш да покажеме дека соработката меѓу полицијата и заедницата е суштинска за поголема безбедност на граѓаните, дека мислењето на секој граѓанин е значајно и да продолжиме со продлабочување на нашата определба – полицијата во служба на граѓаните, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот