Министерката Шахпаска на средба со претставици на Економско – социјалниот совет на Франција

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставници на Економско-социјалниот совет на Република Франција, г-дин Жан-Мари Камбасерес, претседател на Комисијата за меѓународни прашања на ЕСС и Адриен Лабун, советник од истата Комисија, информираше Министерството за труд и социјална политика.

Како што стои во соопштението, на средбата се разговарало за активностите, надлежностите и значењето на Економско-социјалниот совет во нашата држава, како советодавно трипартитно тело значајно за функционирање на социјалниот дијалог меѓу синдикатите како претставници на работниците, здруженијата на на работодавачи и Владата.

– Социјалниот дијалог е многу значаен кога се разговара за политики кои што се однесуваат во делот на трудот, социјалното и пензиско осигурување, политиката на пазар на труд, економскиот развој на земјата, политиката за плати, за цени, здравствена и социјална заштита, фискалната политика, безбедни услови за здравје при работа, образование, култура, стручно оспособување и сите прашања кои што имаат влијание врз социо-економските текови на една земја, истакна министерката Шахпаска, пренесува МТСП.

Претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на ЕСС, Жан-Мари Камбасерес, велат од МТСП, изрази задоволство од големата ангажираност и напредок на Економско-социјалниот совет во нашата држава и подготвеност за идна билатерална соработка со земјата на проекти финансирани од страна на Агенцијата за развој од Франција.

Камбасерес истакнал дека се подготвени да помогнат Економско социјалниот совет на Република Северна Македонија да стане членка и на Унијата на економско социјални совети и слични франкофонски институции (UCESIF), имајќи предвид дека нашата земја е членка на Меѓународната организација на Франкофонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот