Минималната плата во Грција ги покажува огромните разлики меѓу вработените и работодавците

Протести во Атина/ Фото: МИА

Националниот општ колективен договор за труд на Грција предлага зголемување на минималната плата за 4 отсто, оценувајќи дека овој процент „го одразува реалниот потенцијал на бизнисите и може да ја зајакне целата економија“. Истовремено, ова зголемување го поврзува со низа мерки како што се намалувањето на оданочувањето на вработените и трошоците за придонеси за социјално осигурување за 2,6% во периодот 2025 – 2027 година.

Со цел да се зголеми приходот од трудот, претставниците на грчката индустрија го истакнаа својот став за намалување на оданочувањето на платената работна сила, нагласувајќи дека даночното оптоварување во Грција во 2022 година изнесувало просечно 34,6% (19-та највисока позиција меѓу 38-те земји на ОЕЦД) и сега императив е да се намали оданочувањето на платените вработувања.

Во меѓувреме, почна одбројувањето за воведување на новата минимална плата, бидејќи на 22 март и официјално ќе биде објавена владината одлука. Зголемувањето од 40 до 50 евра го вклучува и владиното сценарио со кое доколку се спроведе, минималната плата ќе се искачи од 820 до 830 евра, од сегашните 780 евра. Во последниве години, минималните плати се зголемија за 20 отсто од 650 евра во 2019 година на 780 евра во 2023 година, додека владиното ветување предвидува да достигне 950 евра во 2027 година.
Владата не ги „отвори картите“, но и премиерот Мицотакис и министерот за национална економија Хаџидакис изјавија дека новата плата ќе биде над 800 евра. Среде процесот на воведување на новата минимална плата, се констатира дека позициите на работодавците и на вработените се одвоени со „огромен јаз“, од повеќе од дванаесет процентни поени.

Според предлозите на социјалните партнери, разликите се непремостливи. Инаку, месечната плата во Грција е пониска од минималната плата во Романија, Хрватска, Литванија, Словенија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот