Милошоски за пописот: Некомплетен и на штета на Македонците

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

На одговор на новинарско прашање, пратеникот Антонио Милошоски во врска со резултатите од пописот кои излегоа во јавноста, рече дека истиот ќе беше покомплетен доколку Државниот завод за статистика успееше секој оној кој што не се изјаснил по национална основа, вероисповед или мајчин јазик, да го регистрира и дефинира преку административните податоци кои државата ги има за секое лице и затоа сметаат дека грешката ја има направено ДЗС.

– Во секој случај, сметаме дека бојкотот и тие кои повикуваа на бојкот го прави и самиот попис понекомплетен на штета на Македонците.

Секој оној што се занимава со признавање или непризнавање од политички партии сметам дека ја промашува поентата и само прави нова манипулација од политичка гледна точка или можеби нова поделба помеѓу населението. Бројките и ДЗС, имаат обврска да бидат објавени според закон во Службен весник и тоа ќе биде направено, но начинот на кој се спроведени или обработени податоците и неуспехот да се дефинираат тие 7,2% ги прави бројките некомплетни – додаде Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот