Милош Вучевиќ e кандидат за премиер на Србија – Вучиќ им ја соопшти одлуката на граѓаните

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја соопшти одлуката за предлог кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Негов предлог за мандатар е Милош Вучевиќ.

„Издавам: Одлука за предлог на кандидат за претседател на Владата на Република Србија на Народното собрание на Република Србија му предлагам Милош Вучевиќ за кандидат за претседател на Владата на Република Србија“ соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Милош Вучевиќ досега ја извршуваше функцијата министер за одбрана, а претходно и градоначалник на Нови Сад. Тој го наследи Вучиќ на функцијата претседател на СНС, а на таа функција беше избран во мај минатата година, додека на премиерската функција ќе ја наследи Ана Брнабиќ, која сега е претседател на српското Собрание.

Тој е еден од најверните луѓе од партијата на Вучиќ, а јавноста го поврзуваше и со братот на претседателот на Србија и член на Извршниот одбор на СНС – Андреј Вучиќ, пренесува „Данас“.

„За „газдата“ е подготвен на се, па дури и да поднесе две кривични пријави и двата пати кога опозицијата го поврзуваше претседателот на Србија со криминални афери. Приговор поднел и против Андреј Вучиќ. Дека во иднина би можел да се најде на премиерската позиција веќе беше посочено кога Вучевиќ беше назначен за вицепремиер на Владата на Србија и министер за одбрана“, пишува „Данас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот