фото: ФФМ

Милевски ги избра стартните 11 за натпреварот против Белгија

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје македонската фудбалска А репрезентација се соочува против Белгија во квалификациите за СП 2026.

Нашите најдобри фудбалери ќе го играат третиот меч во квалификацискиот циклус после победата над Лихтенштајн и ремито со Велс.

Селекторот Благоја Милевски ги објави стартните 11 кои ќе почнат од првата минута за вечерашниот дуел.

Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Зајков, Илиевски, Атанасов, Стојчевски, Елмас, Барди, Костадинов, Миовски.

Од клупата за резервни играчи шанса за настап ќе чекаат: Илиев, Шишковски, Ашковски, Трајковски, Чурлинов, Деспотовски, Митровски, Манев, Трапановски, Елези, М. Ристовски и Станковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот