Мицкоски во Штип побара масовна поддршка за Сиљановска – Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на населбата Сењак во Штип.

Пред присутните граѓани Мицкоски истакна благодарност за поддршката за кандидатот за претседател проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова и побара уште помасовна поддршка и запечатување на победата на Сиљановска Давкова во вториот круг на 5 мај.

Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори 5 мај одлучуваат за сопствената иднина но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи.

Претседателот Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата.

Тој потенцираше дека со победа на Сиљановска Давкова ќе се отвори можноста и за предремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.

Заедно со народот ние стигнавме на првиот мегниг. Тој прв мегниг беше онаа голема победа во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе нашиот втор мегниг е 5 мај сега во недела кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател а Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова можеме да победиме во цела Македонија. Третиот мегниг ќе биде победата на предвремените парламентарните избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен мегниг ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажеме сонот за Македонија онаа нашата цел која што си ја зацртавме кога започнавме да се бориме стане јаве, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот