Мицевски: За Заев најважно е да има брзи избори за да може да лови во матно

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 зборуваше како владата на СДСМ се справува со пандемијата каде посочи дека од самиот почеток владата на СДСМ многу  споро реагираше на сета оваа ситуација и не ја сфати доволно сериозно оваа пандемија.

-Ние имаме около 100 ново заразени или околу 10-11 починати. Она што  допринесе на целата оваа состојба по мене е мекиот однос на самиот почеток на кризата од страна на владата однос на првото доаѓање на луѓето кои што работеа во странство и неконтролата на граничните премини како и на нивното  престојување  односно движење низ Република Македонија. Тоа ја прошири пандемијата во Република Македонија, не дека Република Македонија ќе беше имуна на целата состојба со тоа што се случува. Меѓутоа спората реакција од страна на владата, несфаќање на доволно сериозно на проблемите кои се појавуваа на почетокот допринесе да дојдеме  во оваа ситуација, истакна Мицевски во своето гостување.

Мицевски во своето гостување  истакна дека  ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека безбедноста и здравјето на граѓаните се најважни за разлика од желбите на СДСМ и Заев за брзи избори и лов во матно.

-Јасни се ставовите на политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ излезе со ставот дека безбедноста и здравјето на граѓаните се пред се за разлика од желбата на СДСМ и на Зоран Заев за брзи избори и лов во матно.Ние рековме дека остануваме на 4 чекори кои беа предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ- истакна Мицевски во своето гостување.

Според Мицевски не е спорно да се седне и да се разговара за избори, меѓутоа датумот кој беше фиксно предложен од страна на господинот Заев е реално и физички неостварлив врз основа на она што се случува практично во Република Македонија со бројот на ново заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот