Христијан Мицкоски во гостување на „Сител“ / Фото: Сител / скриншот

Мицкоски за новите пораки за Кочани – секој кој има каква било поврзаност со случајот, да биде изведен пред лицето на правдата

Секој оној кој на каков било начин во каква било форма има каква било поврзаност со случајот Кочани, треба да биде изведен пред лицето на правдата, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со новите пораки кои беа објавени во филмот „Кочани – нашиот морален компромис“. Сепак тој одговорноста ја посочи кај Обвинителството.

– Случајот го води Обвинителството, јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте вие изминатиов период дванаесетина обвинители работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, мојот одговор ќе биде – не сум задоволен и токму тоа беше причината зошто поддржавме во парламентот смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски тоа е друго прашање. Треба секој оној кој на каков било начин во  каква било форма има каква било поврзаност за тој случај да биде изведен пред лицето на правдата – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот