Мицкоски за „Броило“: Сериозна трговија на влијание на Ковачевски и неговиот кум

Шемата за аферата Броило која ја изработи ВМРО-ДПМНЕ според нивни сознанија

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Студио 10″ говореше за аферата броило каде истакна дека оваа афера покажува сериозна трговија на влијание на Ковачевски и неговиот кум.

– Ние докажуваме, ние велиме оваа компанија ја формирал тој и тој, оваа компанија склучила договор со таа компанија, тој кој ја формирал сега е на висока државна позиција, на првата позиција. Ете тој и да нема ништо во моментот, има кумот, дали не е тоа трговија со влијание? запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека деновиве ќе поднесе тужба за клевета затоа што СДС го нарекува „докажан криминалец”, а немаат докази за тоа.

-Сега ќе треба тоа што го тврдат да го докажат на суд, денеска или најдоцна утре ќе поднесам пријава за клевета бидејќи вчера ме нарекоа, така како што ме нарекоа „докажан криминалец”, сакам да ги видам тие докази каде јас сум осуден правосилно за сторен криминал, морам да го тужам СДС за клевета да се извини или неколку дена да им оставам простор да се извинат бидејќи навистина ја поминуваат секоја пристојна граница. Ги поминавме билбордите, флаерите ги поминавме, ја поминавме кампањата, сепак на крајот од денот јас сум универзитетски професор, еве денеска почна семестарот пред мене имаше 90 студенти во втора година факултетот и сега јас сум бил „докажан криминалец”, треба да го докажат тоа, да ја покажат пресудата каде докажале дека сум криминалец, додаде Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот