Артан Груби / Фото: скриншот

Мицкоски вели дека властите имаат „индиции“ за тоа каде избегал Артан Груби

„Потерницата е испратена и сега треба државите коишто се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да, кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор“, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Алсат“.

Одговарајќи на прашањето каков е капацитетот на државата кога шест месеци не знаеме каде е Груби, Мицкоски рече дека Груби „кукавички избега“ и додаде дека „како држава правиме се што е во наша моќ бегалциТЕ од правдата да се обезбедат и да се вратат дома“.

– Јас би кажал дека не е само Артан Груби избеган, има и некои други кои се бегалци од правдата и тоа е за мене многу лош начин, би рекол кукавички начин да се постапува. Но тоа е што е, сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома, дециден е Мицкоски.

На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие луѓе, премиерот рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот, а некои подалеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот