Христијан Мицкоски/ Фото: Фејсбук

Мицкоски: Независноста е аманет за идните генерации

Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја, порача Мицкоски

На централната свеченост по повод 34-годишнината од осамостојувањето на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека 8 Септември не е само датум, туку континуитет на жедта на македонскиот народ за слобода и своја држава.

„Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја“, порача Мицкоски.

Премиерот се осврна на изминатите 34 години независност, нагласувајќи дека секој лидер има обврска да се поклони пред оние кои се бореле и се надевале на самостојна држава. Тој најави неселективна правда, подобар животен стандард и борба за зголемување на наталитетот, но и посочи дека едно од големите потфрлања е чувството на разочараност од системот.

„Тоа незадоволство е пред сè поради неправедното водење на политиката, мачната транзиција и криминалот кој ја разјадуваше државата. Богатите што нечесно заработуваат не лежат во затвор. И ова мора да се смени, а правдата да не прави разлика кој од каде е или колку пари има“, истакна Мицкоски.

Премиерот подвлече дека од првиот ден кога ја презел одговорноста да ја води државата, не заборава на граѓаните и дека иднината на татковината зависи од заеднички придонес.

„Нашата татковина има иднина, и сите ние мораме да придонесеме. Јас не дојдов за богатство или име, туку за да оставам трага за мојот народ и да создадеме заедно иднина за нашите деца“, додаде Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот