Мицкоски: Ќе водиме позитивна кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите

Фото: Принтскрин

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече Христијан Мицкоски  денеска од Охрид.

– После шест и пол години урнисување, криминал, понижувања, грабеж на институциите, грабеж на Македонија, сакаме да водиме кампања што на граѓаните ќе им ја врати надежта. Цениме дека надежта недостасува… Освен неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството на СДСМ, сите останати граѓани имаат чувство дека се граѓани од втор ред. Тооа мора да престане, но после 8 мај ќе има и одговорност за се она што се случувало изминатите шест и пол години…Мотивирани сме, желни да покажеме да го оставиме срцето на терен за интересот на граѓаните и на Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите уште истакна дека изминатите две седмици од кампањата за претседателските избори, од владејачкиот СДСМ не бил кажан ниту еден збор, ниту една критика упатена кон ДУИ, додека истовремено од ДУИ ја критикуваат работата на СДСМ.

– Што можам дека друго да кажам освен дека тие практично се ништо повеќе од обични измеќари на ДУИ, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално од Охрид вечерва во голем народен собир стартуваат со предизборната кампања за Парлементарните избори 2024 закажани за 8 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот