Мицкоски: Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија како шеик

Наместо живот за сите – донесоа пекол. Живот има, ама само за неколкумина кои се во врвот на СДСМ и ДУИ, критикува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Кога зборувам за вистински пекол, ќе ве потсетам на некои од нивните ветувања. Велеа дека ќе сме имале европско здравство. А од европското здравство не остана ни Е. Всушност има едно Е а тоа се еврата кои што ги украдоа од нашиот здравствен систем и сега се џебовите на малкумина преку наместени тендери, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на општина Демир Хисар во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски потенцираше дека со Македонија управува триото Ахмети, Груби и Османи, порачувајќи дека тоа мора да престане најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај.

„Со Македонија управува ДУИ, по принципот како од сега. А овие измеќарите од СДСМ партија која во раните 90тите беше голема, партија која што можеби држеше во некоја мера до своето достоинство денеска се претвори во еден обичен измеќар на триото Ахмети, Груби и Османи. Принципот на владеење со Македонија како до сега подразбира Артан Груби како вицепремиер и неговото семејство да стекнува се поголем имот во центрите на големите населени места во Македонија. Бујар Османи како министер за надворешни работи да продолжи да ја распродава и омаловажува и понижува Македонија и да го дели македонскиот идентитет каде стигне и кому стигне, небаре го наследил од неговите предци. И конечно на крај главниот во оваа приказна како до сега Али Ахмети да го гледаме во неговиот вилает, неговите хациенди во Зајас како ужива како некој блискоисточен шејк од таму управувајќи со Македонија. Тоа мора да престане. Мора да кажеме доста е, ова мора да престане најпрво на 24 април, а потоа и на 8 мај“, порача Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот