Мицевски вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под „бугарски диктат”

Никола Мицевски
Никола Мицевски / Фото: Фејсбук, Никола Мицевски

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во изјава за „Канал 5” вели дека после лидерската средба и Ковачевски и Мицкоски констатирале дека нема договор, за потоа, како што вели тој, да се јават од СДСМ и ДУИ со „неточни и селективни изјави” по однос на целата работа.

„СДСМ и ДУИ лажно ја пренесоа изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашувајќи доколку Мицкоски прифатил уставни измени тогаш зошто точката не ја стават на дневен ред па да виде јавноста како ќе поминат истите” вели тој.

Мицевски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група дека никој нема да прифати уставни измени под бугарски диктат.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени по бугарски диктат, дециден е тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот