КУРШУМ ВО НОЗЕ НАРЕЧЕН РУСИЈА: Зошто Хелсинки е опомена пред црвен картон за Србија?

Србија - ЕУ

Кон крајот на минатата недела во финската престолнина Хелсински следуваа неколку опомени на сметка на соседна Србија, анализира Блиц.рс.

Иако од сите страни е потврдена европската перспектива, не само на Србија туку и на целиот регион, од друга многу јасно и експлицитно е потенцирано што не може да се прави.

Некои биле подиректни од другите, но суштината е иста – ако сте определени за ЕУ морате да го решите проблемот со Приштина, и ако сте определени за ЕУ, размислете за своите одлуки и не бегајте од патот, стои во оваа анализа. Ова второто се однесува на намерата на Србија во октомври да стане потпис на Договор за слободна трговија со Евроазиската унија, која поединци, како словачкиот шеф на дипломатијата Мирослав Лајчак, ја нарекоа „проруска групација“, како и дека таквата намера на земјата е „конфузна“.

Меѓутоа, не само тој, туку и многу други критично гледаат на плановите на Србија и ги толкуваат како еден чекор поблиску до Русија, односно зацврстување на тие културно-историски, односно економски и политички врски меѓу овие две земји. Во суштина, ова би можело да се разбере и како уште една опомена да не се седи на две столчиња, нешто што Србија упорно се обидува да го прави, а ова е само еден од примерите.

Тоа, во исто време би можело да биде уште еден „црвен картон“ кој Србија го добила или допрва ќе го добие кога ќе дојде во ситуација да отвори некое од преговарачките поглавја, со цел да се доближи до европското семјество. Како таа казна изгледа, Србија можеше да види во јуни оваа година, кога отвори само едно преговарачко поглавје со ЕУ.

Одоносно стана чекор поблиску до членството во ЕУ, но во исто време, чекор подалеку од 2025 година, која е датата кога се очекува членството да се случи. Ноншалантниот став на Србија, како тоа дека и натаму не се во Унијата па може да се прави што било, едноставно нема да помине.

Тоа е причина поради што Брисел, постојано ја опоменува Србија и им покажува што треба да прави, а освен сеопфатните промени, владеењето на правото, медиумите и многу други работа, овде е и усогласувањето на надворешните политики со оние на Европа, како и главниот услов над сите услови – решението на косовскиот проблем.

Ова всушност го кажа и понатаму актуелниот комесар за проширување на ЕУ, кој на министерскиот состанок во Хелсинки наведе дека дијалогот и постигнувањето на договор меѓу Белград и Приштина е клучна работа за европската перспектива на целиот Западен Балкан.

Експерти велат и дека покрај тоа, Србија за да влезе во ЕУ мора како приоритет да ги стави работните места на граѓаните, експанзијата и растот на нејзините компании. Тоа би значело дека приоритет мора да биде нејзиниот главен трговски парнер, односно оттаму каде доаѓаат најголемиот број на инвестиции и вработувања, а тоа е Европската Унија.

Целото тоа, само на малку поинаков начин, била главната порака од Хелсинки до Србија во врска со нивните аспирации за влез во Унијата. Од друга страна, уште еден проблем за Србија поради блискоста со Русија стигнува и од САД.

Косовската војска, како што стојат работите ќе учествува на претстојната воена вежба „Џоин Риекшн“, која ќе се одржи кон крајот на октомври оваа година во Албанија, што може да се протолкува како еден од обидите на Западот да го промовира Косово од една страна, а од друга да ја дисциплинира Србија. На оваа бежба се очекува да учествуваат членовите на Американско-јадранската повелба, меѓу кои влегуваат Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот