
Менталното здравје е поважно: Симон Бајлс се откажа од настап во уште две дисциплини
Најдобрата гимнастичарка на светот, Американката Симон Бајлс одлучи да се повлече од финалните настапи во прескок и двовисински разбој на Игрите во Токио.
Препорачано
„По разговороот со медицинскиот тим, Симон Бајлс одлучи да се повлече од финалињата во прескок и во двовисински разбој. Нејзината состојба секојдневно се проценува за да можеме да одлучиме дали ќе учествува во финалните настапи на партер и на греда“, стои во соопштението на Федерација на гимнастички спортови на САД.
Четирикратната олимписка шампионка откако се повлече од првиот настап во Токио, во екипното финале и тоа по само една ротација, изјави дека менталното здравје е поважно од медалите.
Американките во финалето го освоија сребрениот медал, додека Бајлс исто така се повлече и од финалето во повеќебој каде златниот медал го освои нејзината сонародничка Суниса Ли.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
53мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5