Мелони: Не може да се тврди дека депортираме луѓе во Албанија

Џорџа Мелони / Фото EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Италијанската премиерка  Џорџа Мелони договорот за имигрантите со албанскиот премиер Еди Рама го оценува како историски.

-Договорот е историски и затоа што може да се направи за други нации, модел на соработка меѓу земјите на ЕУ и други земји, оценува таа на објава на социјалните мрежи.

Според албанските медиуми Мелони преку порака им објаснува на Италијанците и за содржината на овој договор.

-Протоколот предвидува Албанија да и ги даде на Италија области каде што може да се изградат две структури. Едната ќе биде прифатен центар во пристаништето, додека  втората структура ќе биде модел на камп, наведува Мелони.

Таа одговара и на обвинувањата на италијанската опозиција, која сместувањето на бегалците во Албанија го смета за депортација.

– Не може да се тврди дека ние депортираме луѓе во Албанија. Оние кои не се согласуваат можат да кажат што сакаат, но мислам дека никој не може да тврди дека имаме намера да депортираме некого во земја која е кандидат за Европската Унија, посочува Мелони.

Врз основа на договорот, што во понеделникот во Рим го потпишаа Рама и Мелони, прифатни центри ќе функционираат во областа Лежа, односно пристанишниот град Шенѓин и поранешната, сега  напуштена воена база во Ѓадр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот