Мелина упаднала во вилата на Харис Џиновиќ: Пејачот повикал полиција, одземен му е пиштолот!

Фото: Инстаграм/„Хамел“/Харис Џиновиќ

Не престанува вревата околу разводот на Харис Џиновиќ и Мелина.

Поранешната сопруга на пејачот синоќа упаднала во вилата на Харис во Белград, каде живее со ќерката Џина и синот Кан, објавија српските медиуми.

Пејачот повикал полиција, по што Мелина изјавила дека Харис ја вознемирува. После тоа, полициските службеници привремено го одземале пиштолот што го нашле во неговата куќа, иако имал дозвола да го носи.

„Мелина упадна во куќата, ме нападна вербално, не физички! Ми рече дека има право да влезе, а јас веднаш повикав полиција. Не мора физички да ме нападне, многу е полошо психички, вербално. Не ја знам причината зошто таа дојде вечерва. Цело време се обидувам со полицијата да ја дознаам причината“, изјавил тој за српски „Блиц“.

Како што дознава српскиот медиум, Харис пет часа давал изјава за упадот што синоќа се случил во неговиот дом од Мелина.

Инаку, пејачот во последно време често се огласува за разводот со Мелина, а таа сè уште не коментирала ништо.

„Да имаше интерес да го зачува бракот, верувам дека ќе го сочуваше. Бев расположен да живееме заедно засекогаш. Како што вели матичарот, останете верни додека смртта не ве раздели. Навистина се држев до тоа, не само затоа што го кажа тоа, туку таков сум и јас. Мене една жена ми беше доволна“, рекол пејачот.

Харис изјави и дека имало емотивна и материјална експлоатација, но нејзината неблагодарност најмногу го повредила.

„Ако некој мисли дека благодарноста е само да каже: ‘Ти благодарам, љубов моја’… Тоа треба да го покажеш со некои постапки. Не мора да биде еквивалентно, ако чантата чини 5.000, дека таа треба да ми врати со подарок од 5000. Можеме и кафе да се напиеме, за да кажеш: ‘Ќе платам’, тоа е сосема доволно. Но, тоа не се случи и навистина бев изненаден од тоа“, додал тој.

Харис Џиновиќ првпат проговори за распадот на бракот: Измамениот сопруг последен дознава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот