Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Меџити: Вистинскиот ветинг за ДУИ ќе се случи на локалните избори

Вицепремиерот Изет Меџити, ја обвини Демократската унија за интеграција дека се шегува со народот и со своите членови со најавениот ветинг, бидејќи според него, ваков процес не може да се спроведе внатре во партијата, како што најавува ДУИ, туку треба да се спроведе од независни државни институции.

Меџити рече дека вистинскиот ветинг за ДУИ ќе се случи на локалните избори.

„Ветингот го направи македонскиот народ на претходните избори, но вистинскиот ветинг ќе го почувствуваат на локалните избори. Ветинг не се прави на себе, ветинг прават другите, независните институции. Значи, тие играат со народот, се шегуваат со членовите, прават филмови“, рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот