Изет Меџити / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Меџити планира да гради модерно училиште во Чаир – веќе му го смислил името

Паралелно со овој проект, ќе се градат уште два училишни објекти: нова зграда за училиштето за деца со попречености „Иднина“ и уште едно основно училиште во близина.

Во Чаир ќе се гради ново модерно училиште во населбата Тенеќе Маало, најави кандидатот за градоначалник од Вреди, Изет Меџити.

Според него, објектот ќе го носи името „Викторија“ и ќе обезбеди достоинствени услови за околу 1.300 ученици.

Училиштето ќе има површина од 4.700 квадратни метри со 54 училници, осум кабинети и две современо опремени лаборатории. Наставата ќе се изведува во една смена, а проектот е дел од Деталниот урбанистички план за општината.

„Оваа инвестиција ќе биде гордост за Чаир и вистински простор за развој на младите“, истакна Меџити.

Паралелно со овој проект, ќе се градат уште два училишни објекти: нова зграда за училиштето за деца со попречености „Иднина“ и уште едно основно училиште во близина.

Со овие три инвестиции, бројот на основни училишта во Чаир ќе се зголеми на 11.

Целта, според Меџити, е конечно воведување настава во една смена и создавање услови за целодневна настава за сите ученици.

Тој потсети дека образованието е „клучот на иднината“ и дека секое дете заслужува еднакви и современи услови за учење.

„Како иден градоначалник се обврзувам дека образованието и нашите деца ќе бидат на врвот на приоритетите“, нагласи Меџити.

Изет Меџити – прв вицепремиер, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир во едно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот