Медведев вели дека Русија го зголемува производството на сите видови оружје

Дмитриј Медведев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY /

Русија го умножува производството на сите видови оружје – од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала, објави заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Телеграм профил.

„Производството на оружје и специјална опрема се зголемува: од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала.“ напиша Медведев.

Тој им се обрати и на непријателите на Русија и ги советуваше да не се надеваат дека земјата ќе остане без оружје.

Претходно, британското Министерство за одбрана во својот разузнавачки извештај наведе дека Русија продолжува да користи ирански беспилотни летала против цели низ Украина како замена за прецизното оружје со долг дострел, кое Русија го има се помалку и помалку.

„Напорите на Украина да ги порази беспилотните летала Шахед-136 се сè поуспешни“, велат разузнавачите, осврнувајќи се на изјавата на украинскиот претседател Зеленски кој рече дека Украина пресретнува до 85 отсто од нападите со камикази беспилотни летала.

Претставниците на разузнавањето велат дека таквите летала се бавни, бучни и летаат на мала височина, што ги прави лесна цел за конвенционалната воздушна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот