Медведев ќе присуствува на прославата на победата над фашизмот во Белград во октомври

Русија и Србија посакуваат поделба на Косово изјави Министерот за надворешни работи и потпретседател на Владата во оставка на Косово, Беџет Пацоли.
Поделбата на Косово постои само во соништата на Кремљ и Белград. Но, тоа нема да се случи никогаш. Територијалниот интегритет на Косово е недопирлив. Ќе го признаете тоа порано или подоцна“, напиша Пацоли на Твитер.
Оваа реакција следува по изјавата на рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко, кој во интервју за белградска „Политика“ вели дека Русија не се залага за поделба на Косово, но воедно додава дека не разбира „зошто поделбата на Косово би претставувала преседан во Европа“.
Во меѓувреме, беше најавено дека рускиот премиер Димитриј Медведев следниот месец ќе ја посети Србија по повод одбележувањето на 75-годишницата од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.
Како што информираа од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој во телефонски разговор му се заблагодарил на Медведев за се што Русија направила за националните интереси на Србија во однос на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот