Медиумите од регионот будно ја следат денешната средба во Охрид (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Денешната средба на лидерите на Западен Балкан во Охрид ужива голема медиумска покриеност.

Покрај медиуми од нашата земја, настанот го проследуваат и голем број на албански и српски медиуми, како и останати од регионот.

На состанокот на кој домаќин е премиерот Зоран Заев, присутни се српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот