„Медена земја“ влезе во потесен избор за Оскар во две категории

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории.

Во категоријата најдобар документарец, македонскиот канидат е меѓу 15 селектирани филмови, од 159 квалификувани. Во категоријата за најдобар интернационален филм, пак, во потесниот избор влегоа 10 наслови од 91 пријавен.

Членовите на Академијата до 7 јануари 2020 година ќе гласаат за потесниот избор. Номинациите со петте кандидати во игра за најпрестижната филмска награда ќе бидат соопштени на 13 јануари.

Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв филм од нашата земја што успеал во тоа.

Церемонијата на 92. издание на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари 2020 година во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот