„Ме разбуди земјотрес, мама го држеше телевизорот да не падне“, сведочат Србите по земјотресот кој ја погоди околината на Крагуевац

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA/ALANAH M. TORRALBA

Утринава околу 9 часот и 45 минути е регистриран земјотрес во околината на Крагуевац, Србија.

Земјотресот според Републичкиот сеизмолошки завод бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Освен во Крагуевац потресот се осетил и во Јагодина, Пожаревац, па дури и во Белград, пишуваат српските медиуми.

„Се почувствуваа два кратки удари по ред“, вели жител на Петровац на Млави.

„Овој земјотрес ме разбуди, мама го држеше телевизорот да не падне“, вели друг жител на Петровац на Млави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот