Маж ја погодил сопругата со воздушна пушка, жената е на лекување

Полицијата информира дека вчера маж ја погодил сопругата со дијабола од воздушна пушка.

– На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која ѝ е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот