Д-р Ненад Лазаров, Фото: Архива

Матичните лекари утре ќе штрајкуваат: Пациентите да ги одложат неитните прегледи

Ординациите на матичните лекари утре цел ден нема да работат поради тоа што лекарите ќе протестираат. Поднесени се неколку барања до Министерството за здравство и до Фондот за здравство.

– Се прават списоци, но нема да работиме цел ден, освен за итни случаи. Протестот ќе се одвива онлајн, а барањата се стандардните – зголемување на капитацискиот бод, олеснување на административните процедури, како и тоа пациентите да бидат прикрепени не на факсимилот на лекарот, туку на самата здравствена установа – вели доктор Ненад Лазаров за „Слободен печат“.

Тој апелира денеска пациентите да ги одложат сите неитните посети на матичните лекари.

– Ако не бидеме послушани и не се изреагира веднаш, ќе следува бран на затворања ординации. За некоја година не ќе има кој да лекува. На политичарите не им е гајле. Нема веќе простор за молк и за игнорирање – додава д-р Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот