Фото: EPA

Мартин Скорсезе потврди дека ќе снима филм за Исус: Сака да ја доближи религијата до публиката

Мартин Скорсезе потврди дека снимањето на неговиот нов филм, базиран на книгата „Животот на Исус“ (A Life of Jesus), напишана од Шусаку Ендо, ќе започне на крајот на годината, пренесува „Вараети“ (Variety).

Ендо го напиша и романот „Тишина“ (Silence), врз основа на кој Скорсезе сними истоимен филм во 2016 година со Ендрју Гарфилд и Адам Драјвер.

Наградуваниот режисер рече дека филмот ќе биде сместен во модерната ера, но дека не сака да се ограничува на периоди бидејќи сака филмот да биде безвременски. Исто така, режисерот потврди дека неговиот нов филм ќе биде долг 80 минути, за разлика од неговиот минатогодишен „Killers of the Flower Moon“, кој траеше 206 минути.

Што се однесува до самата содржина, Скорсезе рече дека филмот ќе ги истражува принципите на Исусовите учења, но не со цел да ја преобрати публиката.

Скорсезе се обидува да ја доближи религијата до публиката.

„Се обидувам да најдам нов начин да ја направам религијата подостапна и да ги отстранам негативните конотации поврзани со организираната религија“, објасни Скорсезе.

„Токму сега, кога ќе го изговорите зборот „религија“, секој е подготвен за борба бидејќи религијата нè разочара на многу начини. Но, тоа не мора да значи дека првобитниот импулс бил погрешен. Ајде да се вратиме назад. Да размислиме. Можете и да ја одбиете. Но, исто така, можеби ќе направи разлика во начинот на кој го живеете својот живот, дури и ако ја отфрлите. Не ја отфрлајте толку лесно. Тоа е сѐ што зборувам. И го велам ова како некој што ќе наполни 81 година за неколку дена“, додава тој.

Скорсезе работеше на сценариото за филмот со критичарот и режисер Кент Џонс, познат по драмата „Дијана“ од 2018 година.

Покрај филмот за Исус, Скорсезе се подготвува за уште еден проект – историскиот филм „The Wager“, во кој главната улога ќе ја има Леонардо ди Каприо. Филмот беше најавен уште во 2022 година, но датумот на продукција не е познат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!