Маркез успешно опериран, нема оштетување на нервите!

twitter.com/MotoGP

Шампионот на МотоГП е успешно опериран по падот изминатиот викенд на патеката во Херез.

Марк Маркез заработи скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција. Како што беше соопштено од неговиот тим, Репсол Хонда, постапката се спровела без поголеми проблеми.

Фрактурата е санирана, метална плоча е вметната во Марк за да може коската да расте, нема оштетување на нервите – се наведува во соопштението на тимот.

Шпанскиот мотоциклист би можел да се врати на патеката на 9 август кога ќе се одржи Чешкото Гран при во Брно.

Дефинитивно ќе го пропушти следниот викенд, а неговата екипа ќе се натпреварува со само еден возач – неговиот брат Алеиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот