Марјан Србиноски доаѓа како замена за Тодор Гечевски/Фото: КФСМ

Марјан Србиноски е новиот спортски директор на кошаркарската федерација

Поради приватни причини, во наредниот период, Тодор Гечевски нема да ја извршува функцијата спортски директор на Македонската кошаркарска федерација.

Оваа одговорна функција во федерацијата во деновите кои следуваат ќе ја извршува Марјан Србиноски.

– Во овој период кој е пред нас, морам да решавам некои ситуации кои се од приватни причини, и кои од мене бараат и определно отсуство од одговорната функција која ја имам во федерацијата. Но останувам тука, навистина со намалено присуство во работата која ја презема Марјан Србиноски. Човек со кој отсекогаш сум имал одлична соработка, и за кој сметам дека ќе одговори на барањата кои со себе ги носи функцијата на спортски директор на федерацијата. Ќе бидеме во постојана комуникација, му стојам на располагање за се што ќе му биде потребно во работата – го потврдува оправданото отсуство во наредниот период, Тодор Гечевски.

Србиноски е големо име во македонската кошарка. Освен што беше активен играч од 1993 до 2007 година, пола деценија работеше како асистент во репрезентацијата, а потоа ја водеше „А“ селекцијата на Европското првенство во 2015 година. Меѓу другото, беше дел од стручниот штаб при остварувањето на најголемиот успех во македонскиот репрезентативец спорт – четвртото место на Евробаскетот во Литванија.

Ова ќе биде негов прв ангажман во раководството на федерацијата, а последен пат работеше како тренер на Гостивар, од каде замина во април 2021 година.

Пред Србиноски е исклучително важен период и големи обврски околу македонските национални селекции. Сениорскиот тим го очекува финишот од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, а потоа во јули и август повеќе младински селекции учествуваат на Европски првенства во „А“ и „Б“ дивизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот