Марио Илиевски за натпреварите на У21: Да одиграме храбро, пожртвувано и квалитетно

Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година овој месец во Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот Кипар и против репрезентацијата на Србија.

Вчера младите репрезентативци во хотел „Парк” го имаа собирот и првиот тренинг, а денеска попладне отпатуваа за Кипар. Марио Илиевски, еден од носителите на играта на младата селекција на Македонија, ги сподели своите очекувања за претстојните контролни средби против Кипар и Србија.

„Не очекуваат два тешки натпревари, нема да биде лесно против Србија и Кипар, се надевам дека ќе одиграме на едно високо ниво на двата натпревари. Мора да одиграме храбро и пожртвувано на терен, да покажеме квалитет, а резултатот ќе дојде сам по себе Оваа репрезентација има одличен тимски дух и заедништво, се познаваме добро меѓусебно, сите имаме една цел, а тоа е да одиграме најдобро што можеме и во вистинско светло да ја претставиме Македонија. Поседуваме квалитет и тоа сакаме да го потврдиме на овие два меча, доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе се радуваме на позитивен резултат.

Атмосферата во репрезентацијата е одлична, остваривме неколку одлични резултати на претходните натпревари. Од меч во меч играме се подобро, но има уште простор за напредок. Двата пријателски натпревари против Србија и Кипар се одлична контрола за квалификациите за ЕП што претстојат во наредната година“, изјави Илиевски

 

На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот