Маријана и Росана слават роденден: „Да можев да бирам, пак тебе би те избрала за сестра“

Фото: Фејсбук/Маријана Новачевска

Една од највпечатливите појави на македонската музичка сцена од осумдесеттите години, симпатичните близначки Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска денеска го прославуваат нивниот 59. роденден.

Сестрите ја започнаа нивната кариера во далечната 1982 година, со песната „Ти си моја вечна тема“ на музичкиот фестивал во Опатија, Хрватска. Оттогаш, тие испеаја голем број забавни мелодии, меѓу кои и евергринот „Признавам“ од 1988 година.

На почетокот од деведесеттите години, Маријана и нејзиниот сопруг Тоде Новачевски решаваат да се преселат во Австралија, а Росана продолжува со својата соло кариера, како изведувачка на народна музика.

Иако живеат на различни континенти, нивната сестринска љубов е нераскинлива. Роденденски, Маријана ѝ посвети емотивна порака на Росана на својот фејсбук-профил.

„Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда… Да можев да бирам пак тебе би те избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“, напиша таа.

Исто така, таа објави и видео на кое пее песна за нејзината сестра.

„Мила моја, не се договоривме да ме расплакуваш“, ѝ напиша Росана во коментар, на што Маријана ѝ одговори: „Ах да можам да те гушнам баш на овој ден“.

Маријана и Росана трогателно се простија од Тоде Новачевски: Рековме збогум…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот