Фото: Јутјуб/Принтскрин

Марија Шерифовиќ бесна поради доказите за односот со Јована Пајиќ: Нема повеќе да ја крие вистината

Марија Шерифовиќ го прекина молкот и проговори за аферата со Јована Пајиќ. Деновиве, како што пренесува порталот „Република“, пејачката проговорила за поддршката која и ја пружа на својата коешка, чија кариера активно ја следи, а потоа се проговорила и за нивниот однос, посебно поради тоа што се „шушка“ дека помеѓу нив две постои нешто повеќе од пријателство.

„Дали ми пречи што некој мисли дека му е работа да копа по нечии лични односи? Немам одговор на тоа. Што и да кажеме Јована или јас на таа тема, секој има свое мислење. А мене одамна мислењата на другите не ме интересираат“, истакнала Марија.

Пејачката додаде како гледа на кариерата на Јована која зема сè поголем замав.

„Навистина ми е драго што покажа што се знае, знаете, кога некој не умее, нема талент и го нема тоа во себе, бесполезна му е сета помош на овој свет. Јас во Јована само го препознав тој жар, таа љубов кон музиката ѝ помогнав, највеќе со тоа што ја мотивирав да се подигне. Не е тоа моја приватна борба, туку за нешто што вреди. Во морето на пола музика – пола талент, да, сакам да се борам за оние кои заслужуваат и вредат. Јована не е единствена“, истакнала Марија.

Јована оваа година се врати на музичката сцена и постигна голем успех по хитот „Лудило моје“ и почна да често да настапува, а за својот успех ѝ се заблагодари на Марија Шерифовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот