
Марија е дадилка на кралските деца и еден збор ѝ е строго забранет: Звучи лудо, но таа мора да го почитува ова правило
Марија Борало сигурно ви е познато име ако го следите британското кралско семејство. Таа е дадилка на кралските деца и со тоа една од најблиските соработници на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Препорачано
Се школувала на престижниот универзитет „Норланд колеџ во Бат“, наменет за образование на висококвалификувани дадилки. Како дел од нејзината обука, таа добила строги упатства кога станува збор за грижата за кралските деца. Така, меѓу другото, научила дека никогаш не треба да им се обраќа на децата со зборот „деца“ (kids), туку секогаш да им се обраќа со нивното име.

– Така на децата им се покажува почит – изјави Луиз Херен, авторка за кралското семејство и додаде дека во исклучителни ситуации дадилките можат да им се обраќаат на кралските деца со зборот „children“, што буквално значи деца исто како и „kids“, но тоа е поофицијално.
Марија можеби изгледа малку страшно со нејзината беж униформа, капа и бели ракавици, но среќата на децата е најважниот дел од воспитувањето.
Времето за спиење за кралските деца започнува во 19 часот, откри Луис, а нови јадења и вкусови се воведуваат на секои неколку дена. Исто така, времето за играње секогаш се одвива надвор – без оглед на тоа дали има дожд или сонце, пишува српски „Курир“.
– Многу возење велосипед, играње со своите кучиња, градинарство… Норланд навистина сака да ги учи децата преку игра – додаде Луис.