МАРИХУАНАТА омилена тема на опозицијата за пратенички прашања

Фото: Слободен печат/Д. Митрески
Маслото од канабис и контроверзниот Биг Макј се главните теми со кои почна загревањето на денешната седница на пратенички прашања. Пратеникот Антонијо Милошоски беше незадоволен од одговорот на премиерот Зоран Заев за улогата на контроверзниот Биг Мајк. Милошоски се сомнева на можни законски измени, бидејќи не се знаело што Заев разговарал со, како што ги нарече, светскиот измамник.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека за средбата дознале од Инстаграм профилот на Биг Мајк што се случила навечер во кабинетот на Заев. Милошоски праша дали Заев имал приватен интерес и зошто средбата се криела од очите на јавноста.
Премиерот Заев му одговори дека средби во владата имаат со сите потенцијални инвеститори и дека има интерес за инвестиции за масло од канабис во медицински цели. Од собраниска говорница тврдеше дека не разговарале за законски измени
– Манипулација е да се зборува за дрога, исклучиво се работи за медицински цели од масло за канабис. Моето семејство има фирма за канабис и е една од 31 фирми кои се лиценцирани – рече премиерот Зоран Заев.
На денешната седница за пратенички прашања, народните избраници се изјаснуваат за претходно добиените одговори на владините претставници. Прв на листата кој ќе му постави прашање на Заев е токму Милошоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот