Маричиќ на средба со Сагардс: Поддршка од сите партии за дијалогот со Бугарија

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со австрискиот европратеник Кристиан Садгардс, во рамки на неговата мини- турнеа низ земјите од Западен Балкан.

Како што информираат од СЕП, фокусот на разговорот бил на неодамнешната посета на вицепремиерот Маричиќ на Париз и Брисел, како и политичкото расположение во земјава за дијалогот со Бугарија.

Европратеникот Сагардс изразил задоволство и очекување дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија за надминување на отворените прашања ќе даде резултат.

-Бидејќи има свежа сила и мотивација во двете нови влади. Вицепремиерот Маричиќ посочи и дека очекува принципиелна и објективна соработка од страна на опозицијата за процесот бидејќи овие прашања се прашања од национален интерес и сите политички чинители во земјава треба да бидат вклучени и да дадат свој придонес, се наведува во соопштението.

Маричиќ на европратеникот Сагардс му ги предочил приоритетите и целите кои си ги има поставено и лично, но и на Секретаријатот за европски прашања во претстојниот период за подготовка на преговарачката структура, напредок во клучните области како владеење на правото, борбата против корупцијата, заштита на животната средина и спроведување на зелената агенда, како и подобрување на апсорпцискиот капацитет за искористување на европските фондови.

Европратеникот Сагардс изразил поддршка за реформите кои оваа Влада ги спроведува, истакнувајќи дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата и стартот на преговорите не треба да се одложува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот