Маричиќ – Ѓоргиевски: Преку европските програми за образование до подобри услови и перспективи за младите

Средба Маричиќ - Ѓоргиевски/ Фото МИА

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, на која се разговараше за тековните активности на Агенцијата и приоритетите во следниот период, со фокус на промоцијата и спроведувањето на европските програми во областа на образованието, младите, обуката и спортот.

Како што соопшти Секретарјатот за европски прашања (СЕП), на средбата е разговарано за важноста од постојаната соработка и консултации со Секретаријатот за европски прашања, како партнер во креирањето нови можности за граѓаните на нашата земја, како и остварување на приоритетите во областите: животна средина и борба против климатски промени, дигитална трансформација и инклузија.

– Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја истакна важноста на активностите на агенцијата, како и на организациите и институциите корисници на програмата, во насока на обезбедување подобри услови и перспективи за нашите млади, бидејќи тие со нивните идеи, визија и енергија се носители на развојот во општеството, соопшти СЕП.

Во разговорот меѓу Маричиќ и Ѓоргиевски беше ставен акцент на новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и важноста на промоцијата и презентирањето на успешни проекти кои, како што наведува СЕП во соопштението, ќе бидат поттик за младите да развиваат идеи и да се вклучат во процес што несомнено носи позитивни општествени промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот