Манолева: Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ

Лекар/ Фото: МИА

Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска соопшти дека здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ. За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство назначено е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

– Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.

Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението.

Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

-Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.

Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови.

Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот