Марија Крстевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МАМАВИЗИЈА | Стефи ја родив на 20 години, како балерина не сакав промени на телото

Хероината Марија Крстеска, во екот на својата кариера како млада балерина останала бремена на само 19 години. Соочена со сериозен животен предизвик којшто покрај тоа што комплетно и го менува животниот тек, плановите, воедно и го менува и телото. Како изгледа тоа во мислите и чувствата на една перфектно изградена балерина со витко тело, девојка којашто се лишила од многу задоволства за да има добра форма?!

– Стефи ја родив на 20 години, а на 19 останав бремена. Бев многу млада за нешто такво и реално не бев подготвена психички за да станам мајка. Да бидам искрена бев многу исплашена како ќе се носам со улогата, бидејќи да се биде мајка не е едноставно. Не бев подготвена. Тогаш не сакав промени на телото, се плашев дали повторно ќе си го вратам телото, бидејќи кај нас балерините естетиката е многу важна – вели Крстеска за „Мамавизија“.

Стефанија Гаштарска и Марија Крстевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во „Мамавизија“ овојпат зборуваме за една мајка балерина и една ќерка балерина. За тоа како изгледа кога детето ги одбира стапките на родителот и со текот на животот станува ни помалку ни повеќе туку една од најдобрите осум балерини во светот! Тоа е нашата македонска гордост, балерината Стефанија Гаштарска, којашто со волшебна леснотија чекори на сцената. Таа која со својата милозвучност и топлина на нејзиниот глас ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи, па нејзините следбеници со душа чекаат ново видео од неа.

Тие ќе ни ги раскажат од свој агол личните доживувања за оваа совршена уметност.
Успехот на Стефанија се препишува токму на хероината-мајка Марија, којашто се соочила со сериозни финансиски предизвици за да и ги отвори раскошните патишта на нејзината ќерка.

Стефанија Гаштарска и Марија Крстевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Петнаесеттото издание на „Мамавизја“ ви ја носи оваа убава и инспиративна приказна којашто веруваме дека ќе го задржи вашето внимание.
Гледајте „Мамавизја“ на јутјуб каналот на „Слободен печат“. Водителка и авторка на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот