Стефанија Гаштарска и Марија Крстевска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МАМАВИЗИЈА | Не бев свесна дека уште како бебе сум ја спремала за балерина, вели мајката на Стефанија Гаштарска

Балерините немаат лесен живот, успехот на една балерина значи максимална пожртвуваност, макотрпна работа и голема физичка болка од неописливите повреди.

Во „Мамавизија“ овојпат зборуваме за една мајка балерина и една ќерка балерина. За тоа како изгледа кога детето тргнува по стапките на родителот и со текот на животот станува ни помалку ни повеќе туку една од најдобрите осум балерини во светот. Тоа е нашата македонска гордост, балерината Стефанија Гаштарска, којашто со волшебна леснотија чекори на сцената. Таа која со својата милозвучност и топлина на нејзиниот глас ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи, па нејзините следбеници со душа чекаат ново видео до неа.

Овојпат приказната ја пренасочуваме и на нејзината мајка, балерината Марија Крстеска.
Во денешната „Мамавизја“ двете хероини ќе ни ги раскажат од свој агол личните доживувања за оваа совршена уметност.
Крстеска за првпат пред јавноста проговори за нејзината бременост во Стефанија. Како една млада девојка којашто била исплашена и неподготвена да стане мајка на само 20 години пред екот на кариерата, но и за тоа што значи бременоста за една балерина во поглед на менување на телото, вишокот на килограми и отсуството од работа, губењето на улоги …

Успехот на Стефанија се препишува токму на хероината-мајка Марија, којашто се соочила со сериозни финансиски предизвици за да и ги отвори раскошните патишта на нејзината ќерка.
Петнаесеттото издание на „Мамавизја“ ви ја носи оваа убава и инспиративна приказна којашто веруваме дека ќе го задржи вашето внимание.

Гледајте вечерва Мамавизја“ премиерно во 20:00 часот на јутјуб каналот на „Слободен печат“.
Водителка и авторка на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот